„Павле Богоевски се уште е пратеник. Не сака да се повлече ниту од морални, ниту од здравствени причини.
Ние пак не сакаме избраник на граѓаните да носи одлуки со поматена свест. Не сакаме да се вознемирува кога нема да му биде средено убаво она пола кое што го нарачува.
Вчера ти оставивме бело брашно ама нема благодарност од твоја страна. Извини ако сме ти го згрешиле „белото”, рече Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„Еве денес пак бел прашак. Пак имаш цело кило. Можеш да переш алишта ама нема гаранција дека и совеста ќе си ја испереш. Само сакаме да ти напоменеме, во упатството за употреба јасно стои дека не е за преку нос.
Павле, нека не те местат таксистите дека наводно си нарачувал пола грам кокаин кога може си мислел и на прашак за перење. Не нарачувај пред непознати луѓе, некои дилери убаво да ти спакуваат “пола” во наредниве месец дена. Ние ќе ти дадеме прашак за перење. Се купува во маркет. Исто како што се купува во аптека и масло од канабис кое се произведува од нивите на Заеви. Ќе ти објаснат Вице и Зоран. Нема потреба по телефон, нелегално да нарачуваш.
И немој Павле да се тестираш за наркотици. Нека збори народот што сака. Не си ти по кокаинот. Ти си по белиот прашак. Затоа твоите алишта ќе имаат планинска свежина“, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.