Општина Гази Баба во соработка со маратон клубот Делта оваа година по втор пат ја организираше планинската трка Раштак треил. Оваа година на маратонот учество земаа околу сто натпреварувачи, посебно за почит е големата бројка на млади натпреварувачи.
Раштак е прекрасно место кое преку својата убава природа, претставува одлична локација за спорт и рекреација.
Токму тоа беше и целта на овој маратон, преку спортување и дружба да се промовираат на сите граѓани убавините на Раштак и планината Скопска Црна Гора.
Планинската трка Раштак треил полека прераснува во нова спортска традиција на општина Гази Баба. Продолжуваме и во иднина да даваме поддршка на вакви спортски настани, со цел да ги поттикнеме младите се повеќе да спортуваат и рекреираат.