Актерската екипа на една од најпопуларните серии на сите времињљ „Beverly Hills, 90210“ се собра повторно, а сега е пуштен и првиот трејлер за продолжението со кое наскоро се враќаат на малите екрани.
Новите епизоди ќе пристигнат во август оваа година, а во трејлерот може да се чуе познатата мелодија од шпицата.
Во трејлерот се сите главни актери од серијата, освен Лук Пери кој почина од мозочен удар во март годинава.
– Во шест епизоди ќе се обидеме да го оствариме успехот од 90-тите. Ќе видиме што се случило со првите љубови, старите романси и пријателите кои повторно ќе се сретнат, потврдија од телевизиската куќа Fox.