Професорката Мирјана Најчевска смета дека сите пратеници и функционери треба да бидат проверувани дали употребуваат наркотични средства. Ставот на Најчевска следува по објавувањето на приватниот разговор од пратеникот Павле Богоевски, со наслов „Пајо нарачува кокаин“.
„Јас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци. Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања. Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави. Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција. Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака“, пишува Најчевска.
Пратеникот Павле Богоевски, по објавување на снимката за кој е обвинет дека нарачува кокаин, на социјалните мрежи потврди дека тоа е неговиот глас, но не набавува кокаин, туку масло од канабис за медицинска употреба на негова блиска личност. Тој вели дека тоа го правел веќе неколку месеци и ќе продолжи се додека е потребно. Богоевски обвинува дека ова е напад од страна на политичките противници.
Реакција по признанието на пратеникот Павле Богоевски за набавка на масло од канабис имаше и Драган Спасов Дац. Тој на социјалните мрежи напиша дека очекува негова оставка.