Најчевска до Османи: Мојот сопруг поднесе оставка во Прага поради неписмениот лакеј на Ахмети

Од:

Професорката Мирјана Најчевска му одговори на министерот Бујар Османи по веста дека нејзиниот сопруг, амбасадорот Сашко Тодоровски е предвреме вратен од функцијата во Прага,обвинувајќи го дека како министер започнал хајка против сопругот поради нејзините ставови против Али Ахмети.

„Мојот сопруг поднесе оставка. Лакејот на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи започна хајка против мојот сопруг заради моите критички настапи како професор и експерт, и заради несогласувањето на мојот сопруг како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизираше.

Мојот сопруг не се согласи со барањето на Османи (кој самиот изјави дека одговара единствено пред Али Ахмети) да го известува него и само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор“, напиша Најчевска на Фејсбук.

Според неа, Османи ги прекршил законите на земјава и дипломат како нејзиниот сопруг тоа не можел да го толерира.

„ Значи Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата). Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка.

А на неписмениот лакеј на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи некој треба да му каже дека сопругите и сопрузите на амбасадорите добиваат средства во висина од 10% од платата на амбасадорот не за да се шетаат и да се проводат туку за извршување на дипломатски задачи кои им ги доделува амбасадорот“, напиша Најчевска.

Османи на денешниот онлајн брифинг соопшти дека на амбасадорот во Прага Сашко Тодоровски му бил скратен мандатот и тој предвреме е вратен во Македонија поради слабости и нерегуларности во работењето.

Амбасадорскиот мандат на Сашко Тодоровски во Прага му почна во март 2021 година.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски