Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Од:

Чаир е пред историски најважната одлука во последните 20 години. Ова не се само избори за градоначалник ова е избор помеѓу два целосно различни правци во кои е се движи општина, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Изборот е помеѓу враќањето назад кон човекот кој ја уништи општина Чаир со криминал и корупција или конечно тргнување напред со човек кој има визија, интегритет и знаење да ја води општината кон иднината. Од една страна изборот е Изет Меџити, градоначалник во три мандати кој го претвори Чаир во бизнис-зона за својата мрежа, кој живее надвор од општината и кој е симбол на дивоградби, криминал и уцени.

Денес, наместо да се надева на поддршка од граѓаните на Чаир, тој влегува понижен и уценет од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Се надева дека преку корупција, поткуп и поддршка од Мицкоски може повторно да го поништи гласот на чаирчани. Од една страна изборот е Бујар Османи човек од Чаир, со 20 години јавна служба без дамка.

Лидер кој гради, кој обединува и кој знае како да работи за луѓето. Човек визионер и политичар на новата генерација со беспрекорно политичко минато и резултати. Граѓаните на Чаир заслужуваат општина и службеници кои ќе работат за нив, а не за сови интереси. Заслужуваат лидер кој нема да ја изневери нивната доверба. Граѓаните заслужуваат иднина со развој, а не повторување на најлошото од минатото, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ