Тинејџерка во Малезија се самоубила поради анкета на “Инстаграм”

Од:

16-годишното девојче во Малезија, според медиумите, изврши самоубиство откако објавила анкета на нејзината сметка на Инстаграм, барајќи одговор на нејзиното прашање дали треба да умре или не. 69% од испитаниците гласале за.

Полицијата во Саравак, Малезија, рече дека една девојка, која не е именувана, објавила анкета со порака: “Тоа е навистина важно, помогни ми да изберам Д / Л”. Откако мнозинството од испитаниците гласале за “смрт”, таа извршила самоубиство.

Адвокат од Саравак сугерира дека оние кои гласале за нејзината смрт би можеле да бидат виновни за поттикнување самоубиство.

Министерот за млади и спорт на Малезија, Сиед Саддик Саед Абдул Рахман, рече дека трагедијата ја нагласува потребата за дискусии на национално ниво за менталното здравје во земјата. “Јас сум навистина загрижен за состојбата на менталното здравје на нашите млади”, рече тој. “Тоа е национално прашање кое мора да се сфати сериозно”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат