Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го оцени како најдобар натпревар на тимот оваа сезоната, дуелот против Манчетсер јунајтед од групната фаза од Лигата на шампионите. Англичаните го добија мечот со 2:1.
– Јувентус беше елиминиран од Лигата на шампионите во четвртфиналето против Ајакс, но тој имаше неколку исклучителни моменти во натпреварувањето оваа сезона. Тоа се средбите сдо Валенсија, Манчестер јунајтед и Атлетико. Тоа беа три одлични игри. Со Валенсија, останавме заедно десет, и тогаш се покажа вистинската ДНК на Јуве, концентрацијата, агресијата. Сакавме да докажеме дека дури и откако беше отстранет Кристијано Роналдо, сепак можеме да победиме. Против Манчестер јунајтед беше веројатно нашата најдобра претстава, но никој не се сеќава на оваа игра бидејќи загубивме. Се покажа дека во фудбалот не победувате ако играте само 85 минути. Тоа беше подобро издание од нашата игра против Атлетико. Не игравме добро против шпанскиот тим, но ги искористивме сите наши шанси. Во тој натпревар, немавме што да загубиме, изјави Алегри.
Неговата судбина на клупата на Јувентус се уште не е позната. Се шпекулира дека може да го замени Торино со Пари Сен-Жермен.