ВИДЕО: Продолжение на „Беверли Хилс“ со оригиналната постава

Од:

Оригиналната постава од можеби најпопуларната серија во деведесетите, „Беверли Хилс“, по 19 години од крајот, се подготвува за снимање нови епизоди.

Фокс објави снимка на која Бренда (Шенен Доерти), Дона (Тори Спелинг), Кели (Џени Гарт), Брендон (Џејсон Престли), Стив (Ијан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреја (Габриеле Картерис) го читаат сценариото и се забавуваат.

– Се разделија пред 19 години, а сега повторно се собраа. Снимањето ќе биде поинтересна сапуница од самите нови продолженија, се наведува во известувањето.

Во екипата ќе недостига Лук Пери (Дилан), кој почина во март годинава од мозочен удар. Но, Спелинг во едно интервју претходно рече оти се надева дека тој сепак ќе биде дел од новата приказна.

Прикажувањето на новите продолженија е најавено за 7 август, а како што соопштуваат од Фокс, епизодите ќе бидат инспирирани од животот на самите глумци.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска