Бошњаковски по изјавата на Османи: Законот за знамиња мора да се почитува, прекршувањето се санкционира

Од:

По настанот во Охрид кога фолклорна група развеа албанско знаме на Самоиловата тврдина, а откако вицепремиерот Бујар Османи изјави дека знамето на Албанија може да се постави било каде без да сноси било какви последници, од Владата велат дека законот мора да се почитува.

„Во однос на Законот за употреба на знамињата, одредбите се јасни. Се што е утврдено во законот, треба да го почитуваат сите. Во однос на настанот во Охрид, таму имаме судска одлука, а Владата не коментира судски одлуки. Но, бидејќи, судската одлука е таква, каква што е, очигледно е дека има некои прекршувања на законот“, вели портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.

Од Владата велат дека според судската одлука, очигледно е прекршување на законот.

„Очигледно дека секое прекршување на Законот за употреба на знамињата, ќе биде санкционирано. Онаму каде е дозвлоено, е дозволено, без разлика за кои знамиња станува збор“, вели Бошњаковски.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски