Мијатовиќ: Модриќ останува во Реал

Од:

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ изјави дека капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, ќе продолжи да игра во европскиот шампион, кој се соочува со една од најтешките сезони во 117-годишната историја.

– Ќе продолжи да игра за Реал Мадрид. Зборував со него, рече Мијатовиќ во разговорот со шпанската радио станица „Кадена СЕР“. Црногорецот живее во Мадрид, каде што е сосед со 33-годишниот хрватски халф, а во претходните медиумски настапи изјави дека едвајцата се пријатели, пишува „Вечерњи“.

– Натпреварот против Рајо Ваљекано беше еден од најлошите што тој ги одиграл. Тој е човек кој е посветен на тимот и проблем нема да биде Модриќ. На клубот ќе му биде тешко да го врати сето она што гопостигна, со сите нови играчи што ќе дојдат, додаде Мијатовиќ.

Модриќ во Мадрид ја игра својата седма сезона и неговиот договор истекува во летото 2020 година. Реал Мадрид претходно изјави дека договорот за продолжување е постигнат до летото 2021 година.

Три круга пред крајот на шампионатот, Барселона ја обезбеди титулата во Шпанија. Реал заостанува 18 поени и е на третото место.

Би можело да ве интересира

УЕФА на Хрватска и ја изрече најголемата казна во историјата поради расистичко однесување на навивачите

Предраг Петровиќ

Почина 15-годишен хрватски фудбалер, колабирал на теренот

Ана Ололовска

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика