ВИДЕО: Свештеник во Етиопија секој ден оди бос до црква на висина од 250 метри

Од:

Секој ден, етиопскиот православен свештеник Хајлеселасија Касај, пешачи за два часа, потоа се качува по опасна карпа за да стигне до црквата Абуна Џемате Гух вдлабена во карпа.

Абуна Џемате Гух се наоѓа во северниот дел на Етиопија и е вградена во карпа, а сводовите се покриени со прекрасни фрески. Се наоѓа на висина од 250 метри и таму може да стигне само пеш. Еден дел од 10 метри е речиси целосно вертикален.

Посебно внимание привлекуваат фреските на ѕидовите. Сите се оригинални и совршено сочувани благодарение на топлото време без влага.

Црквата ја изградил Абуна Јемата, еден од деветте етипски свештеници, кои биде дојдени или од Сирија или од Европа за да го шират христијанството во 5 век.

Постојат поделени мислења за тоа дали црквата е изградена толку високо за д биде поблиску до небото или за да биде сокриена од непријателите.

“Не се плашам додека се искачувам бидејки го правам тоа секој ден. Многу е тешко, но изводливо. Секое утро се будам многу рано. Потоа работам дома до 6 наутро, па се упатувам кон Абуна Јамати. кога излегувам од дома многу сум среќен, ми се полни срцето.” вели свештеникот.

Пешачи околу два часа до подножјето на црквата, а таму ги изучува старите написи.

“Овде е многу тивко и мирно, нема многу луѓе со кои може да се зборува. Комуницирате со Бог и вашиот ум се ослободува” раскажува свесштеникот.

Хајелеселасије Касеј останува во црквата до мрак, потоа заклучува и си оди.

“Една од причините поради кои сум свештеник е тоа што сакам да им го пренесам на луѓето она што го знам, за да можат да тргнат по моите стапки”, заклучува Касеј.

Во црквата и денес се наоѓаат моштите на многу светци. Никој до сега се нема повредено качувајки се до црквата.

 

 

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ