Сиљановска: Љубовта, човечноста, соживотот да не бидат актуелни само на празници туку секогаш и со секого

Од:

„Денеска започнува големиот христијански празник кој има не само теснорелигиозно значење туку и општочовечка порака. Празнуваме и во исто време испраќаме порака вредностите поврзани со вербата во луѓето, љубовта, човечноста, соживотот, разбирањето да не бидат актуелни само на празници туку секогаш и со секого.

Велики Петок е денот кога најмногу треба да се запрашаме што сме сториле за својата земја, својот народ, предците и идните поколенија. Да си признаеме ако сме згрешиле и да започнеме борба за да ги поправиме грешките. Целта е човечноста и хуманизмот да победат пред нечовечноста и материјалните интереси.

За многу години, за праведна Македонија“, се вели во соопштението на кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски