Јанушев: Водиме во голем број места

Од:

„Радувај се Македонијо, правдата доаѓа. ВМРО победува. Гордана ќе биде“, со овие зборови, генералниот секретар на партијата ја почна првата прес-конференција по денешното гласање за претседател на државата.

Водиме во огромен број места, рече Јанушев.

„По 43% обработени податоци, водиме во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила и Ѓорче Петров“, додаде тој.

Јанушев рече дека ВМРО-ДПМНЕ победило во Илинден, Лозово, Радовиш…

„Вечерва победува правдата во Македонија. Македонската пролет се случува“, рече Јанушев.

Со гласни извици „ВМРО-ДПМНЕ“ и „Македонија“, членовите на Унијата на млади сили на партијата го пречекаа Јанушев во прес-салата.

Меѓу присутните беа и Марјан Додовски, Самоил Малчевски, Марјан Додовски, Косана Мазнева..

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град