Чилиќ, Хачанов и Цонга аут од Монте Карло

Од:

Италијанскиот квалификант, Лоренцо Сонего го елиминира Карен Хачанов (Русија), рангиран под број 8 и се квалификува за третото коло на турнирот од серијата Мастерс во Монте Карло. 23-годишниот Сонего, 96-ти во светската ранглиста, стигна до успехот по 7:6 (4), 6:4 над 12-тиот во рангирањето на АТП по 112 минути игра и ја постигна најзначајната индивидуална победа во кариерата. За место во четвртфиналето, Италијанецот, кој дебитира во турнирот, го очекува победникот од натпреварот помеѓу Камерон Нори (Велика Британија) и Мартоњ Фучович (Унгарија).

Аргентинецот Гвидо Пеја пак во вториот круг го отстрани седмиот во шемата, Марин Чилиќ (Хрватска) со 6:3, 5:7, 6:1. Ова беше прва победа за Пеја во главната шема при неговото трето учество во Моне Карло, додека Чилиќ е рано елиминиран, откако во претходните две изданија стигна до четвртфиналето. Пеја се покажа како „црна мачка“ за хрватскиот тенисер и на минатогодишниот „Вимблдон“, поразувајќи го во пет сета. Следниот негов ривал ќе биде одреден од натпреварот помеѓу шампионот во 2014 година, Стен Вавринка (Швајцарија) и полуфиналистот минатата сезона на „Ролан Гарос“ – Марко Чекинато (Италија).

Двократниот полуфиналист, Жо-Вилфред Цонга (Франција) се откажа поради болки во грбот во натпреварот од првото коло против Тејлор Фриц (САД) при 4:6, 0:2, а финалистот во 2010 година Фернандо Вердаско (Шпанија), исто така отпадна на стартот по пораз од 4:6, 4:6 од друг Французин – Пјер-Југ Ербер

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ