Обединетите Арапски Емирати (ОАР) го забранија Скајп, соопшти компанијата, која е во сопственост на „Мајкрософт“.
– Нашата веб-страница и услуги се блокирани од интернет-провајдерите во Обединетите Арапски Емирати. Тоа значи дека нема да бидат во можност да го користат Скајп во ОАР, соопшти „Скајп“ на својата интернет-страница.
Тие додаваат дека работат на повторно оспособување на Скајп.
– Многу е фрустрирачки што Скајп е забранет во ОАЕ. Како ќе ги правиме интервјуата и состаноците? Тоа е во спротивност со целите на Глобалната визија, пишува колумнистот Султан Ал Кашеми од Советот на блискоисточни студии.
Во реакција на Советот на граѓани на ОАЕ дека користат други комуникациски платформи кои бараат виртуелна приватна мрежа, Кашеми ги повика да го почитуваат законот на ОАЕ.
– Не охрабрувам да се заобиколува законот. Сакам властите тоа законски да го овозможат. Не сакам кој било да го крши законот, напиша Кашеми, кој живее во САД.