ВИДЕО: Повик до преостанатите пратеници – патриоти од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]Достоинство пред Собранието ги чекаше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за да ги разубеди да не гласаат за Талат Џафери да стане министер за одбрана.

Стојанче Ангелов рече дека „Премиерот Никола Груевски од ВМРО го предлага командантот Талат Џафери од УЧК за министер на македонската армија. Истата онаа армија против која Талат се бореше во 2001-та!!! Истата онаа армија чии војници Талат ги убиваше или даваше наредби да се убиваат!!!“.

Во медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ имаше обид да се искриви вистината и врелиот костен да се префрли во рацете на министрите од Владата, дека токму од нив потекнува овој перверзен предлог, а не од Премиерот, па така во провладиниот интернет сајт “Курир“ можеше да се прочита дека Владата го предложила Талат Џафери за Министер за одбрана.

Но тоа не е точно. Владата не предлага министри. Претседателот на Владата, Премиерот, лажниот вмровец, лажниот патриот и политичка кукавица Никола Груевски, лично го предлага Талат Џафери алијас командант Форина од УЧК, за министер кој ќе раководи со Министерството за одбрана.

Каква иронија. Каква перверзија. Каква…

Премиерот Никола Груевски од ВМРО го предлага командантот Талат Џафери од УЧК за министер на македонската армија. Истата онаа армија против која Талат се бореше во 2001-та!!! Истата онаа армија чии војници Талат ги убиваше или даваше наредби да се убиваат!!!

Полека, споро, совладувајки го чувството на мачнина и нагонот на гадење, внимателно продолжив да го читам предлогот на Премиерот Никола Груевски. Одненадеж пред мене се појави славната биографија на командантот Форина. Читам и како нешто да ми недостасува. Во биографијата има една празнина, го нема делот од неговите “славни“ командантски денови од 2001 година. Дали на Талат му е непријатно од неговите дезертерски и командантски денови или Груевски го замолил да биде скромен???

Откако ја исчитав биографијата на Талат, по којзнае кој пат, почнав да го читам Кривичниот законик на Република Македонија. Читам и пресметувам. Ако законот доследно се применеше, односно ако Талат живееше во нормална држава во која се почитува законот (да си замислиме дека живее во САД) за делата кои ги има сторено би бил осуден на минимум 100 години строг затвор.

А во нашата чудесна земја, волшебната Македонија, пратениците од Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократската Партија за Македонско Национално Единство, по предлог на “револуционерот“ Никола Груевски, кој е од истата таа Внатрешна Македонска Револуционерна Организација, истиот тој Талат ќе го изберат за министер за одбрана на државата која тој ја нападна пред 12 години со намера да отцепи дел од нејзината територија.

Каква перверзија… Вооружениот напаѓач, командантот Форина, отсега натаму ќе ја брани својата жртва… Оној што пред 12 години пукал или давал наредби да се пука по македонските војници од денес натаму најверојатно ќе командува со нив. Ќе им дава наредби да пукаат…

КРИВИЧЕН ЗАКОНИК (ИЗВАДОЦИ)

(пречистен текст)

(Сл.Весник на Р.Македонија бр.19 од 30.03.2004 година)

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ДРЖАВАТА

Велепредавство

Член 305

Тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Загрозување на територијалната целина

Член 307

(1) Тој што со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да запоседне, да отцепи дел од територијата на Република Македонија или дел од таа територија да припои кон друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
(2) Тој што со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да ги измени границите на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Вооружен бунт

Член 312

(1) Тој што учествува во вооружен бунт насочен кон загрозување на уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(2) Организаторот или поттикнувачот на бунтот, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Член 313

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
Повикување на насилна промена на уставниот поредок

Член 318

Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, јавно или со ширење списи повикува или поттикнува на непосредно извршување или го поддржува извршувањето на делата од членовите 307 до 317, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.

Служба во непријателска војска

Член 322

(1) Граѓанин на Република Македонија кој за време на војна или вооружен судир служи во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации или учествува во војна или вооружен судир како борец против Република Македонија или нејзините сојузници, ќе се казни со затвор најмалку три години.
(2) Тој што врбува граѓанин на Република Македонија за служба во непријателска војска или во други непријателски вооружени формации или за учество во војна или вооружен судир против Република Македонија или нејзините сојузници, ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Здружување заради непријателска дејност

Член 324

(1) Тој што создава заговор, банда, група или друго здружение на лица или организација заради вршење на кривичните дела од членовите 305 до 311, 313, 314, 315, 321 и 322 став 2, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
(2) Тој што ќе стане припадник на здружението од став 1, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(3) Сторителот на делото од став 1 кој со откривање на здружението или на друг начин, ќе го спречи извршувањето на кривичните дела предвидени во став 1, ќе се казни со затвор од три месеци до три години, а може и да се ослободи од казната.
(4) Припадник на здружение од став 1 кој ќе го открие здружението пред да стори во негов состав или за него некое кривично дело предвидено во тој став, ќе се ослободи од казната.
(5) Предметите и средствата наменети за подготвување на делата, како и средствата за финансирање на здружението се одземаат.

Казнување за подготвување

Член 326

Тој што подготвува извршување на кривично дело (член 18 став 3) од членовите 309, 312, 313 и 314, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Казнување за најтешките форми на кривични дела

Член 327

(1) Ако со кривичното дело од член 305, член 307 и од членовите 312 до 315 е предизвикана смрт на едно или повеќе лица или имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.
(2) Ако при извршувањето на делото од став 1 сторителот со умисла лишил од живот едно или повеќе лица, ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што ќе стори кривично дело од членовите 305, 306 и 307, од 312 до 316 и член 324 за време на војна или непосредна воена опасност.

КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ

Самоволно оддалечување и бегство од вооружените сили

Член 344

(3) Воено лице кое самоволно ќе ја напушти својата единица или служба за време на извршување на важна задача или зголемен степен на борбена готовност на единицата ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
Народе Македонски, со какви идеи си ти, доста беше, разбуди се, свести се, не спи ти!!!

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сопрете го ова лудило!!!

Нашиот иден министер за одбрана ги има извршено сите претходно набројани кривични дела или барем повеќето од нив. Но за неговите злодела тој беше амнестиран. И сега, малку му беше амнестија па сакал да биде пратеник. И стана пратеник. И повторно, малку му било да биде пратеник, сакал да биде министер. И ајде, нека му биде ќеифот, нека биде министер, но тој не сака да биде било каков министер туку сака да биде министер за одбрана… Што е многу, многу е… Дури и за нас трпеливите Македонци. Ваква перверзија, вакво изживување, вакво понижување, ваков садизам… Навистина, доста е!!!

Почитувани и не толку почитувани пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Сопрете го ова лудило. Не дозволувајте го ова понижување на македонските бранители. Не дозволувајте го ова понижување на македонскиот народ. Не дозволувајте го ова понижување на сите лојални граѓани на Република Македонија. Не гласајте за избор на Талат Џафери за министер за одбрана. Зарем не гледате дека Талат ним, на ДУИ, на УЧК, не им е важен. Важно им е да се осветат за воениот пораз од 2001-та. Важно им е бидејки изгубија. Изгубија и тоа како. Изгубија со многу жртви.

Бидејќи воено не можеа, не можат и никогаш нема да можат да не поразат, се служат со вакви гнасни осветнички перверзии. Користејки ги слабостите на лажните патриоти и политички кукавици кои ги има во ВМРО-ДПМНЕ, тие си поигруваат со сите нас. Но нивните моќни сојузници нема засекогаш да бидат со нив. Еден ден, еден убав ден и тие ќе кренат раце од нив. А тогаш… Тогаш ќе видат со кого си имаат работа. Тогаш ќе го почувствуваат нашиот гнев… Тогаш ќе се соочат со бесот македонски.

Стеј Департментот веќе испрати официјално писмено предупредување до албанското министерство за надворешни работи со повик Албанија да престане со подгревање на албанскиот национализам, националистичките изјави и провокации.

Но како да го толкуваме именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана ако не како директна порака и провокација? Ако веќе морало министер за одбрана да биде Албанец од ДУИ зарем тоа мораше да биде токму Талат Џафери, командантот Форина, непосредниот учесник во војната од 2001-та, екстремистот кој можеби е директно виновен за смртта на некој наш соборец, на некој наш брат???

Според член 20 од Законот за одбрана Талат Џафери откако ќе биде избран за министер за одбрана ќе подготвува стратегија за одбрана на Републиката, ќе врши процена на можните воени и други опасности со кои се загрозува суверенитетот, самостојноста и територијалниот интегритет на Републиката, ќе го организира и подготвува системот на одбраната и ќе предлага мерки за негов развој и усовршување, ќе подготвува план за одбрана на Републиката, ќе организира и ќе спроведува разузнавање и контраразузнавање за потребите во одбраната итн.

Затоа повторно ги повикувам сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои во срце останале вистински вмровци и за кои сум убеден дека сеуште ги има во ВМРО-ДПМНЕ. Соберете се барем десетина и не гласајте за овој понижувачки предлог. Само 9 вистински вмровци од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се доволни за да се избегне оваа национална катастрофа. Гласавте за амнестија на злосторници, гласавте за амнестија на ѕверови кои сега се шетаат на слобода, без страв од казна. Прекинете веќе еднаш со вашето наведнување глава. Разбудете го човечкото во вас. Разбудете го патриотското во вас. Кренете ја главата и кажете му “не“ на вашиот партиски претседател. Не гласајте дезертер од АРМ, командант од УЧК, убиец или соучесник во убиства на македонски војници, да стане министер на македонската армија, министер на оние војници по коишто пукал за да ги убие!!! Еден ден и вашите деца, и вашите внуци ќе се срамат од вашите постапки.

Пред точно 100 години Македонија, токму поради неслогата и поделбите помеѓу Македонците, беше распарчена на 4 дела. Пред 12 години и оној дел од Македонија на кој ние Македонците успеавме да си создадеме своја суверена и независна држава, повторно поради неслога, за малку ќе беше поделен. Денес повторно на Македонија и се заканува опасност. А ние, Македонците, повторно сме поделени. Поделени како никогаш досега. Предавници и патриоти. ВМРОВЦИ и СДСМОВЦИ. Позиционери и опозиционери. Бугарофили и србомани. И што уште не. Доста беше. Доста беа делби. Барем за миг да ги закопаме воените секири. Барем за миг да заборавиме на дневната политика и да се обединиме. Да се обединиме врз македонската идеја. Да се обединиме за македонската кауза. Заедно да се спротивставиме на последното понижување кое сакаат да ни го нанесат албанските екстремисти.

Војната од 2001-та веќе со години е зад нас… Полека ја брише заборавот… Забораваат оние кои под превезот на удобниот и лесен живот им се препуштиле на земските задоволства. Забораваат и оние кои под спрегите на сиромаштијата мака мачат со секојдневието. 2001-та, сигурно најмногу сакаат да ја заборават оние со нечиста совест. Но дали треба да се заборави? Дали треба да се заборават загинатите, ранетите, психички трауматизираните борци и сите оние кои ја бранеа државата, ги бранеа и вашите домови и вашите деца. Дали треба да се заборави 2001-та, барем како историска ука и поука, оти тој што не почитува народно искуство и не влече историски поуки самиот се предодредил за преповторување на старите и правење нови и нови грешки. А некои сејачи на магла пак ќе ви речат, не гледајте во минатото, гледајте во иднината…

Ова е само еден очајнички обид, еден силен крик, еден мал поглед врз скорешното минато, за побистар и попродорен поглед кон иднината.

Полициски Генерал Стојанче Ангелов (командант во посебните полициски единици и заменик командант на Единицата за специјални задачи “Тигар“ во 2001-та, директен учесник во повеќе борби со албанските екстремисти низ сите боишта во Македонија).

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски