Новинарите во еден од најголемите и највлијателните јавни медиумски сервиси во светот BBC од ноќеска на полноќ го почнаа штрајкот поради одлуката за отпуштање на вработени.
Штрајкот е организиран од националната унија на новинари која најави дека тој единствено може да биде откажан доколку раководството на компанијата престане со принудните отпуштања.
Се очекува на новинарите да им се приклучат и останатите работнички синдикати во BBC.
Од 2004 година од BBC беа отпуштени 7.000 луѓе, a до 2017 година се планира да се укинат уште 2.000 работни места.