Камчев побарал целосно да запре „Империја“ – СЈО не му попушта

Од:

Осомничениот бизнисмен Орце Камчев испратил барање до судијката на претходна постапка, Весна Димишкова, со кое бара целосно да запре истрагата и сите мерки во случајот „Империја“ на СЈО, поради начелното правно мислење на Врховниот суд, дознава „А1он“. Според мислењето на највисокиот суд, СЈО е неовластен тужител по рокот предвиден во постојниот Закон.

Но од судот го препратиле барањето до СЈО.

„До судијата е доставено барање за кое прашувате и веднаш е вратено на адвокатите бидејќи согласно одредбите од ЗКП истражната постапка ја спроведува и запира јавниот обвинител“, oдговорија од Кривичниот суд за „А1он“.

Oд специјалното јавно обвинителство велат дека и покрај барањата за запирање на истрагата, не се откажуваат од предметот „Империја“, и работат интензивно со истражителите на предметот.

СЈО лани донесе наредба за спроведување истрага на 8 ноември за 13 лица во предметот „Империја“.

Осомничени покрај Јордан Камчев, се ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, бизнис-партнерот на Камчев, Ненад Јосифовиќ, газдата на „Пелистерка“, Цветан Панделески, мајката на Камчев, Ратка Куноска Камчева, неговата сестра, Кристина Камчева Стојческа, сметководителката во фирмите на Камчев, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, директорот на офшор фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски поради постоење основано сомневање дека сториле кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казново дело.

СЈО на 24 јануари годинава ја прошири истрагата за Мирослав Његеч за сторено кривично дело оштетување или повластување доверители. На 29 јануари истражната постапка е проширена и против Срѓан Керим и Јана Станисављева, поради постоење на основано сомневање дека го сториле истото кривично дело.

Кривичниот суд издал 5 наредби за претрес на дом, и 8 претсреси во деловни простории.

Во текот на истражната постапка составени се 45 записници за сослушување сведоци и 31 за сослушување на осомничените. Ова Јавно обвинителство издало и наредба за вештачење, наредба за примена посебни истражни мерки против осум лица.

Во досегашната истрага судот одобрил да биде пребаруван компјутерскиот систем и податоци содржани во хардверската опрема лоцирана во домот на еден од осомничените, поради пронаоѓање докази и податоци важни за кривичната постапка.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

A1on

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски