(ВИДЕО) Костовски:  Спротивно на се што зборуваше Заев-сведоци сме на бришење на придавката македонски/македонска од државните институции

Од:

Македонија и Македонците го губат институционалниот идентитет како вовед во губењето на националниот идентитет. Предупредувавме дека со капитулацијата на Зоран Заев е загрозен идентитетот и сега гледаме како во пракса се брише се што е македонско, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев тврдеше дека идентитетот е зачуван. Премиерот велеше дека останува придавката македонски. Спротивно на се што зборуваше Заев, деновиве сме сведоци на бришење на придавката македонски/македонска од државните институции.

Владата објави листа со над 136 институции, кои добија нови имиња. Со промената се бришат придавките македонски/македонска, па така „Македонската радио телевизија“, станува „Национална радио телевизија“, „Македонската информативна агенција“, „Национална информативна агенција“, ЈП „Македонски шуми“, станува ЈП „Национални шуми“, додека „Македонски пошти“, по преиуменувањето на Заев е „Национална пошта“.

Новите имиња на институциите може да предизвикаат проблем и во меѓународната комуникација на истите, тие не кажуваат чиви се и на која држава.

Чив јавен сервис е „Националната радио телевизија“? На која држава? На која земја е ЈП „Национални шуми“? Ова е една целосна конфузија и понижување за сопствената нација приредено од Зоран Заев, човекот кој две години ништо не направи освен што ја понижува сопствената држава.

Промената на имињата на институциите е доказ дека идентитетот е целосно променет. Зоран Заев ја лажеше македонската јавност кога го тврдеше спротивното“, вели Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите