Врховните судии го пуштија Камчев од куќен притвор

Од:

Кривичниот совет на Врховниот суд ја уважи жалбата на четворицата адвокати на осомничениот Орце Камчев во истрагата на СЈО, за случајот „Империја“ и го пушти да се брани од слобода, дознава неофицијално „А1он“.

Заедно со Камчев од куќен притвор се пуштени и газдата на „Пелистерка“, Цветaн Панделески и Ненад Јосифовиќ, долгогодишен бизнис-партнер на Камчеви. Одлуката била донесена во петокот, но запсиникот не бил потпишан од сите судии.

Ова следува откако Врховниот суд на општа седница донесе начелно правно мислење според кое, специјалното јавно обвинителство е неовластен тужител за отворање истраги и покренување обвиненија по рокот од 18 месеци предвидени во Законот. Осомничените беа во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, но Апелацискиот суд во Скопје на барање на СЈО, ги пушти во домашен притвор.

Во истрагата на СЈО под кодно име „Империја“ осомничени се Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска-Камчева, Христина Камчева-Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски за неколку кривични дела.

Според СЈО, лицата се осомничени за злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластувањето, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Со преземање истражни дејствија и со примена на посебни истражни мерки, обезбедени се доволно докази, од кои, според СЈО, произлегло основано сомнение дека во периодот од 2002 до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица што биле или се во нивна сопственост.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

A1on

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза