(ВИДЕО) Костадинов: Добро е што ДКСК отвора случаи против непотизам, Иванов да се произнесе за случајот во кабинетот

Од:

Ѓорге Иванов, исто како и Христијан Мицкоски, молчи за актуелниот случај со вработувања на ќерката на неговата советничка и основаните сомневања занепотизам односно судир на интереси, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Молкот мора да престане. Борбата против непотизамот, партизацијата и злоупотребата на државните институции започна и враќање нема.

Граѓаните очекуваат одговори и преземање на одговорност.

Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов.

Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање, институција, што е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.

Со оглед на овие информации, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси.

Покрај ќерката, во државна институција работа добил и братот на Илиеска, Александар Тошески, кој е вработен во Централен регистар во Прилеп.

Ѓорѓе Иванов мора да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет.

Мора да ги повика роднините на Илиеска да се повлечат од работните места, во име на борбата против непотизамот.

Добро е што Државната комисија за спречување на корупцијата отвора случаи. Ги очекуваме одлуките на ова независно тело.

Најавуваме дека ќе поднесеме претставки за сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Македонија си има свој Мадуро, во врвот на власта

Горан Наумовски