ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ и Заев ја доведоа економијата пред целосен колапс 

Од:

СДСМ и Заев ја зацрнија судбината на граѓаните, Владата на СДСМ и Заев ја доведоа економијата во Република Македонија пред целосен колапс, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.  

„Додека Република Македонија економски тоне и граѓаните се повеќе се соочуваат со немаштија, СДСМ се обидува да ја дефокусира јавноста со лажни соопштенија.

Економијата стагнира, цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. За прв пат државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра,  додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%.

Со СДСМ на власт, трошоците за живот постојано растат. Индексот на трошоците за живот во 2018 наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% .

Ова покажува дека СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат кај криминалниот картел на власт“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 33,19%, ДУИ 23,41% , Вреди 19,55%, СДСМ 11,19%, ЗНАМ 3,63%, Левица 5,08%

Орце Костов