Шефот на Милан: Нема да биде трагедија ако не се пласираме во ЛШ

Од:

Претседателот на Милан, Паоло Скарони изјави дека „нема да биде трагедија“ ако клубот не успее во остварувањето на големата цел – пласман во Лигата на шампионите.

Во неделата „росонерите“ го победија Каљари со 3:0 и се вратија на четвртото место во Калчото. Се разбира, предноста пред тимовите зад нив е бод-два, па затоа е многу рано за славење. До крајот на сезоната остануваат цели 15 круга, а не треба да се занемарува и фактот дека Милан се пласираше во полуфиналето во Купот на Италија, каде ќе се соочат против Лацио во два натпревари.

Скарони изјави дека ако Милан успее да ја задржи позицијата во топ 4, тоа ќе ги зголеми шансите за успех на и надвор од теренот. Шефот исто така забележа дека таквиот финиш ќе го намали притисокот врз тренерот Џенаро Гатузо.

– Единствено ЛШ ќе му овозможи на Милан да постигне економски резултати, кои како последица водат со себе и спортски такви. На среден рок Милан треба да остане таму. Нема да биде трагедија, ако не успееме сега, но сигурно ќе биде еден убав успех. Инаку целта останува на дневен ред и за наредната година. Ние секогаш поставуваме среднорочни цели. Веќе неколку години не сме играле таму, па тоа е нашата цел, вели шефот на „црвено-црните“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски