Бачев: Тажен ден за Македонија, бугарашот и шпион на ЦИА Димитров во обид да го избрише македонскиот народ

Од:

„Вчера во Брисел беше тежок и тажен ден за Македонија со потпишување на Пристапниот Протокол со геноцидната организација НАТО во обидот за бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Македонскиот бугараш Димитров кажа „да„ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија на референдумот лани на 30 септември рекоа „не“. Никој не му даде право на шпионот на ЦИА Димитров во име на оваа генерација на Македонци да потпишува бришење на македонската нација во името на претходните и идните генерации на Македонци.

Единствена Македонија и јас лично се обврзуваме дека ќе останеме на првата линија во одбрана на националните и државните интереси. Единствена Македонија заедно со големата народна коалиција „Македонија-Блокира„ во која членуваат 84 организации од земјата и дијаспората ќе победи на претстојните претседателски избори и на парламентарните избори кога и да се одржат и ќе го искористи своето право да го поништо Договорот за промена на името како спротивен на домашното и меѓународното право.

Јавноста треба да знае дека на крајот конечната одлука за членство во НАТО треба да ја донесе македонскиот народ и граѓаните или преку Собранието или на референдум по околу една година кога се очекува да заврши ратификацијата на Протоколот од сите 29 членки на НАТО“, изјави претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод потпишувањето на Пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО.

Би можело да ве интересира

Во случај на војна со Русија: 800.000 германски, американски и други војници на НАТО се подготвени да заминат на фронт

Фински аналитичар: Америка ѝ помага на Русија да го понижи НАТО

Нов руски напад на Украина: НАТО активираше борбени авиони

Захарова: Доколку НАТО не нападне, ќе одговориме со сите расположливи средства

Москва тврди дека НАТО подготвува блокада на Калининград, американскиот генерал: „Би уништиле сè за неколку часа“

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО