Џафери-Крстичевиќ: Постигнувањето на договор со Грција претставува победа на разумот, дијалогот и разбирањето

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија,Талат Џафери, оствари средба со заменикот на претседателот на Владата на Република Хрватска и министер за одбрана, Дамир Крстичевиќ, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

На средбата присуствуваше и пратеникот Павле Богоевски во својство на член на Комисијата за одбрана и безбедност.

На средбата претседателот Џафери ја оцени како одлична соработката во областа на одбраната, како на билатерален план, така и во рамките на Јадранската повелба и во мировните операции во кои заеднички настапуваат претставниците на двете држави. Тој информираше за актуелните случувања на политичката сцена во Република Македонија, ратификацијата на Договорот од Преспа, реформските процеси и претстојното одржување на претседателските избори, нагласувајќи дека во наредниот период приоритет ќе биде економијата.

Министерот Крстичевиќ, во име на Хрватската влада, упати честитки за постигнувањето на договор со Република Грција, чекор кој, како што беше потенцирано на средабата, не беше лесен, но кој претставуваше победа на разумот, дијалогот и разбирањето, и е пример и за Регионот и за меѓународната заедница за мирно решавање на билатерални спорови.

Тој го поздрави и претстојното потпишување на протоколот за пристапување на Македонија во Северноатлантската воена алијанса и истакна дека ратификацијата на Договорот во Република Хрватска ќе биде приоритет. Министерот Крстичевиќ изрази силна поддршка за Република Македонија во процесот на интегрирањето во Европската Унија, со надеж дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите во јуни оваа година. Тој нагласи и дека за време на Хрватското претседателство со ЕУ во 2020 година, фокусот ќе биде ставен на просторот на Југоисточна Европа.

Соговорниците на средбата изразија подготвеност и во иднина да ја продолжат успешната соработка на сите полиња од заеднички интерес, а притоа беше поздравена и работата на Хрватската амбасада во Република Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска: Мајка се самоуби, во станот пронајдена убиена нејзината 17-годишна ќерка

Таткото го снимил синот како вози со брзина од 163 км/ч на и го објавил видеото

Топ разнесе човек пред многу сведоци во Хрватска

А1он

Четворица мигранти спасени од надојдената река Сава се во болницата во Винковци

Горан Наумовски

Божиновиќ ги објави деталите за спасувањето на луѓето што паднаа во Сава, предупреди дека постои можност да има жртви

Голема спасувачка операција на реката Сава во близина на Бабина Греда: „Неколку луѓе се во водата“