Камчев и Јанакиески: Шефе, со ДУПоиве што ги обори Центар, шо стана?

Од:

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во општина Центар”. На денешното судење беа изведени материјалните докази меѓу кои и два разговори од кои едниот е јавно објавен. Во разговорот од 13 октомври 2013 година, во 22.02 часот разговараат ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и бизнисменот Орце Камчев.

„Орце Камчев: Шефе.

Миле Јанакиески: А.

Орце Камчев: Извини сеа, шо стана со… нешто збореме со Дејан со дупоиве горе шо ги обори Центар?

Јанакиески: Ништо, ги обори Центар , ама не ги објавивме во Службен весник. Шехтански му укажа да му достават во рок од три дена. Утре истекнува рокот.

Орце Камчев: Аха.

Миле јанакиески: И че му даде налог да ги објави. Ако не ги објави тогаш ги поништува. Ако ги објави пак че ги поништат на Уставен.

Орце Камчев: Аха. Ама ќе оди на Уставен така?

Миле јанакиески: Да, мора на Уставен. Или едното или другото сценарио.“

На денешното рочиште адвокатите на обвинетите се обидуваа со низа приговори да го одложат изведувањето на дел од доказите. Судијата Душан Јосифов не им го прифати барањето.

Следното рочиште за предметот е закажано за 6 февруари. Тоа е првиот предмет на СЈО за кој беше поднесено обвинение на 16 декември 2016 година, но предметот сѐ уште е во фаза на доказна постапка. Во предметот покрај Миле Јанакиески, обвинет е и бегалецот Никола Груевски, пратеничката Даниела Рангелова и посетителот на Груевски во Будимпешта, Александар Трајковски.

СЈО ги обвини дека во 2013 година предизвикале насилство во општина Центар на седницата кога се донесуваа деталните урбанистички планови за Мал ринг, со оправдување дека на седницата се расправа за стопирање на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на градот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on