Индиски научници отфрлија теории на Ајнштајн

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Индиски научници повторно тврдат дека тие ги измислиле авионите и истражувањето на матични клетки, а доказите за тоа ги наоѓаат во епови. Тие ја вознемирија јавноста со тврдењето дека теориите на Алберт Ајнштајн и Исак Њутон не се точни.

Одделни индиски академци се појавија на годишниот Индиски научен конгрес кој го отвори премиертот на Нарендра Моди, и ги отфрлија општо прифатените научни откритија, инсистирајќи дека древните индуси го откриле истражувањето со матични клетки.

Хиндуистичката митологија и религиозни теории сè повеќе стануваат дел од дневниот ред на Индискиот научен конгрес. Но овогодинешните изјави на научниците се повеќе од вџашувачки, дури и во споредба со претходните. Директор на јужноиндиски Универзитет цитираше став хиндуистички текст како доказ дека истражувањето со матични клетки било откриено во Индија пред неколку илјада години.

Демони и летала

Ѓи Нагишар Рао потпретседател на Универзитетот Андра, изјави дека демонскиот крал од хиндуистичкиот еп Рамајана имал 24 различни летала и повеќе писти за слетување во денешна Шри Ланка.

Друг научник од Универзитет во јужната држава Тамил Наду, кој зборуваше на конференцијата изјави дека Исак Њутн и Алберт Ајнштајн погрешиле и дека брановите треба да се применуваат во „Нарендра Моди бранови“.

Докторот Кеј Џеј Кришна изјави дека Њутн не ја разбирал силата на гравитација, а теориите на Анштајн се само привид..

Критичарите велат дека древните текстови треба да се читаат и во нив да се ужива, но е бесмислено да се тврди дека претставуваат научни откритија. Здружението на индискиот научен конгрес изрази „сериозна загриженост“ поради критиките.

„Ние не ги споделуваме нивните ставови и се оградуваме од нивните коментари. Тоа е навистина тажно, изјави Применду Пи Матур, генерален секретар на Здружението на научниот конгрес на Индија

-Сериозно сме загрижени поради таквите изјави кои се дадени од одговорни луѓе, велат тие.

Авиони во епови

Минатата година индискиот министер за образование Садиапал Синг изјави дека авионите првпат биле спомнати во древниот хиндуистички еп Рамајани. Тој исто така рече дека првиот авион го измислил Индиецот Шивакар Бабузи Салбади, осум години пред браќата Рајт.

Премиерот Моди во 2014 на собир на лекари и медицински персонал во болница во Мумбај изјави дека приказната за хиндуистичкиот бог Ганеши – олицетворен во глава на слон на човеково тело – покажува дека естетската хирургија постоела и во древна индија.

Минисерот за образование на западната држава Раџастан изјави во јануари 2017 година дека е важно „да го разбереме научното значење“ кое го има кравата, бидејќи таа била единственото животно во светот кое вдишува и издишува кислород.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ