Зума го блокираше објавувањето на извештајот во кој се сомничи за корупција

Од:

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума го блокираше објавувањето на извештајот на Антикоруциската комисија, во кој се обвинува за корупција и за непримерно соработување со локални бизнисмени.

Адвокатите на Зума го иинромирале Вишиот суд за одлуката на претседателот, но не дале никакво објаснување, објавија локалните медиуми.

Одлуката на претседателот предизвика остра реакција на јужноафриканската опозиција, која организира демонстрации во главниот град Преторија и во поголмите градови од земјата, барајќи од Зума да поднесе оставка.

Според медиумите, во извешатјот на поранешниот шеф на Антикорупциската комисија, Тула Мадонсела, се изнесени обвинувања против претседателот на државата.

Зума се обвинува дека им дозволил на тројцата браќа од богатото индиско семејство Гупта да воспоставиат „контрола врз дел од Владата“.

Индијците Гупта се обвинуваат дека побарале од претседателот да им дозволи тие да определеат владин министер, за да си обезбедат поволни услови за извршување на нивните бизниси.

Претседалот Зума демантира дека сторил нешто незаконско, а семејството Гупта ги отфрла како неточни сите обвинувања.

Опозицијата и поголемиот дел од јужноафриканската јавност бараат да се објави извештајот и да се видат сите „нечесни и корупциски потези“ на претседателот.

Џејкоб Зума повеќе од една деценија е обвинуван за корупција и за поврзаност со сомнителни зделки.

Антикорупциската комисија отвори истрага откако во март годинава заменик министерот за финансии го обвини семејството Гупта дека „се мајтапи“ со јужноафриканската демократија, откако тие му понудиле да издејствуваат да биде поставен за министер во Владата.

Аџам, Атул и Раџеш Гупта во 1993 година се преселиле од Индија во Јужна Африка и започнале бизнис. Тројцата Индијци имаат свои бизниси во авионскиот транспорт, рударството, енергијата, технологијката и во медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија