Минхен останува меѓу домаќините на ЕП 2020

Од:

Минхен ќе остане меѓу градовите кои ќе бидат домаќини на натпревари од Европскиот шампионат, кој беше преместен за 2021 година, поради пандемијата.

Општината во еден од најголемите градови во Германија потврди дека „Алијанц Арена“ ќе биде домаќин на вкупно четири натпревари на Европското првенство.

УЕФА го одложи континенталниот турнир за периодот 11 јуни – 11 јули 2021 година, што значеше дека секој од 12 града домаќини мораше да го потврди своето учество.

Минхен ќе биде домаќин на трите натпревари на Германија во групната фаза против европскиот шампион Португалија, светскиот шампион Франција и друга екипа која ќе се квалификува преку плеј-офот.

Стадионот на германскиот шампион Баерн Минхен ќе биде домаќин и на едно четвртфинале на Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ