Зошто најголемиот експерт за убиства во Јужна Африка не може да сведочи на судењето на Писториус?

Од:

Јужноафриканското обвинителство е должно во рамките на подготовките за судењето на Оскар Писториус, да избере психолози кои би требало да направат негов профил. Сепак, во постапката нема да биде во можност да учествува по многумина најдобриот експерт. Психологот Мики Писториус, имено, тетка на Оскар.

Зошто врвниот јужноафрички криминолог не може да учествувае во случајот Писториус? Поради тоа што Мики Писториус е тетка на осомничениот Оскар

Мики Писториус редовно присуствуваше на судските рочишта минатата недела во случајот против нејзиниот внук, но не даваше коментари врзани за случајот.

pistorius-ekspert

Авторката на публикацијата “Профилирање на сериските убијци и другите злосторства во Јужна Африка”, која работела на мотивите и психологијата на убијците во многубројните случаи, се противела на долги затворски казни во некои големи случаи. Таа е и основач на истражната психолошка единица на јужноафриканската полициска служба, во која има чин еднаков на полковник.

Оскар Писториус е осомничен за убиство на неговата девојка Рива Стенкемп.

Во текот на шестгодишната работа во полицијата, се занимавала со сериски убијци, силеџии и гонители, а работи и како консултант за неколку владини агенции. Поради психолошкиот профил на нејзиниот внук, а особено неговата “склоност кон насилство”, за што е обвинуван во медиумите, на неговото судење важно ќе биде и мислењето на психолог.

– Таа е личност на која не можеме да и се обратиме – изјави адвокатот на обвинителството.

Мики Писториус е позната како ексцентрик од времето кога била предавач на Универзитетот во Преторија. Имала обичај да седне на подот и околу себе да направи кругови од книгите на Фројд и Јунг, бидејќи “круговите имаат магична моќ”, која помага во впивање на знаењето.

Во своите мемоари, “Фати ми убиец”, Мики Писториус тврди дека поседува екстрасензитивни моќи, како и тоа дека е во можност да осети вибрации не користејќи ги своите пет сетила. Тој дар го нарекува “криптестезија”, термин што повеќе го сака од “видовитост”.

И уште една контроверза поврзана со неа – пишувала дека сочувствува со убијците:

“Сериските убијци не се чудовишта. Тоа се човечки суштества чии души се измачени. Никогаш не можат да им простат за она што го направиле, но можат да ги разберат.”

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија