Животот во овие затвори е пекол на земјата

Од:

Allday.com

Многу затвори имаат долга и брутална историја, но овие спаѓаат меѓу најлошите и ѕверствата во нив не можат да се замислат и опишат.

„Ѓаволски остров”, Француска Гвајана (1852-1953)
Во текот на 19 и 20 век Француска Гвајана било изолирано и несреќно место, населено со различни колонии на затвореници. Бегството било речиси невозможно, освен со чамец и од десетици илјади осудени кои таму биле упатени, неколу стотици преживеале и дочекале да ги раскажат ужасите со кои се соочиле таму.

Французите се обиделе да ја колонизираат Француска Гвајана уште во 1763 година, но обидот пропаднал. Од 12.000 колонисти кои биле пратени, 75 отсто умреле во првата година откако пристигнале. Во 1852 одина Наполеон III за местото смислил друга намена, основал неколку заеднички работни кампови за француски престапници и криминалци.
Малото парче копно недалеку од денешна Кајена, така станало Ѓаволски остров кој наскоро станал симбол за бруталност и вистински пекол на земјата.

Тропски болести ги десеткувале затворениците. Бунтовите и меѓусебните убиства ги докрајчиле тие кои по некое чудо ги преживеале заразите. Затворениците на ова место добиле прекар „гилотина на суво” поради големата стапка на смртност од глад, болести и условите за живот.

Најголем број затвореници биле задолжени за сеча на тропски дрвја и изградба на патишта. Ако не ја исполнеле дневната квота, не добивале храна. Тие кои умреле не биле закопувани, туку едноставно ги фрлале во море.

Нугејт затвор, Лондон (1188-1902)

Од неколкуте злогласни затвори од стариот свет, овој спаѓа во најлошите. Владата во тоа време посветувала многу малку внимание за одржувањето на овој затвор, па така болестите биле вечни господари на затворските келии.

Докторите одбивале да влезат внатре и да помогнат на затворениците, што само сведочи за неговите нечовечки услови. Смртоносната епидемија секојднево однесувала многу животи, а затворениците покрај болестите биле прегладнети и врзани во ланци, буквално оставени да умрат.

Стражарите биле меѓу најбруталните, па постои и легенда за т.н. „Црн пес” кој претставувал страв и трепет и бил најголемо страдање на сите намачени заробеници.

Концентрационен камп 22 (Хоерјонг) Северна Кореја, (1965-2012)

Ако нешто згрешите во затворот не одите само вие, туку и целото ваше најблиско семејство. Овој затвор бил организиран како работна колонија, а секој добивал 170 грама пченка два пати дневно. Затворениците постојано биле физички злоставувани ако не ги извршувале сите задачи, а дури третина од нив имале некој деформитет од секојдневното претепување.

Се проценува дека околу 2000 умреле од глад, а бројот на убиените се уште не се знае.

Освен претепувањето, постоеле и други методи на мачење. Затворениците морале да стојат на врвот на прстите во голем резервоар полн со вода, или едноставно биле фрлани во самици полни со инсекти и нечистотија, каде со денови, некогаш и со месеци не ја гледале светлоста на денот.

Најѕверски од се било тестирањето на хемиско оружје на затворениците, како и некои неиспробани лекови и медицински третмани.

Тулианум, затвор од времето на Римското царство

Овој затвор се наоѓал на 12 метри под површината на земјата, а темницата и смрдеата го правеле одвратен и застрашувачки. Овој затвор бил наменет за сите криминалци, вклучувајќи ги и владетелите кои биле затварани, а во него се нашле и воени заробеници. Денес овој простор е претворен во музеј, додека на површината се наоѓа црквата Сан Џузепе.

Историчарите тврдат дека на ова место ѕверски биле мачени и убивани затвореници во присуство на други, со цел да ги заплашат.

Туол Сленг, Камбоџа (1975-1979)

Околу 20.000 луѓе поминале низ овој озлогласен затвор, а нивниот живот таму подразбирал постојана тортура.

Затворениците само еднаш на ден имале оброк, малку каша или супа од некое лисје кое не се ни користело за јадење.

Кожните болести биле раширени во овој затвор. Затворениците не смееле да зборат, освен кога им било наредувано да одговорат на поставено прашање.

Стражарите секојдневно ги терале да го јадат сопствениот измет, а на нив користеле и електрошокови, ги задушувале со кеси и ги силувале. Сето ова било правено за да го признаат злосторот кој го направиле.

Затворот „Црн делфин”, Русија

Кој влегол во овој затвор повеќе никогаш немал дури ни можност да излезе од него. На затворениците им биле врзувани очите, за да не го гледаат патот кој води до зградата на затворот. Сите биле изолирани и цело време со лисици на рацете. Им било дозволено вежбање 90 минути секој ден во метален кафез.

Би можело да ве интересира

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти

Преку алтернативни мерки до растеретување на затворскиот систем

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела

Лога: Да го следиме примерот на БиХ, да имаме затвори кои ги задоволуваат европските стандарди

Андов контра Зибери: Во затворот има вода за пиење, достапна за сите

Кристијан Ландов