Андов контра Зибери: Во затворот има вода за пиење, достапна за сите

Од:

Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Филип Андов го демантира Народниот правобранител Насер Зибери дека во просториите каде се сместени притворениците нема вода. Андов посочува дека водата е достапна за сите, а ваков проблем нема. За забелешките од Национален превентивен механизам во однос на условите во притворското одделение, Андов посочува дека е постапено според насоките.

„Најодговорно тврдам дека во затворот Скопје има вода за пиење, достапна за сите“, вели Андов. На прашањето зошто биле затекнати шишиња со вода при посетата од Народниот правобранител, директорот додава: „Во затворот има куќен ред за тоа колку пати следува одржување на хигиена, по утврден ред. Некои од притворениците си греат вода за да одржуваат хигиена во рамките на просториите каде се сместени. Други, греат за да се измијат со топла вода, за да исчистат“.

Во затворот „Скопје“ нема простории кои се лоши, посочува директорот Андов. Иако ова е наведено во извештајот на Народниот правобранител дека вакви простории се затекнати, директорот е дециден дека се реконструирани па одново пуштени за употреба.

„Тие три простории кои пред година дена се виде дека не се по стандарди и беа запечатени од Народниот правобранител, веднаш ги реконструиравме и пушивме одново за издржување на притвор“, посочува Андов.

Народниот правобранител во годишниот извештај посочи дека затворениците во скоро сите затвори се жртви на нехуман и деградирачки третман поради состојбата со просториите каде се сместени.

Би можело да ве интересира

Затворот „Шутка“ е хотел промаја, затвореници излегувале кога сакале тврди Пандов

Катерина Ѓуровски

Тепачка во затворот „Скопје“: Тројца притвореници истепале цимер

Левица: Корупцијата царува во затворите – животот во казнено поправните установи под секое човечко ниво

Раст на стапката на затворање во Македонија за 25,5 отсто

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти