Извештај: Во борбата против тортурата и нехуманиот третман, препораките од година в година се исти

Од:

Препораките за борбата против тортура и нехуман третман во Казнено-поправните установи и Психијатриските болници од година в година се исти, а главен проблем остануваат финансиските средства. Ова се дел од заклучоците на завршниот настан за проектот „Борба против тортура и нехуман третман“ што го спроведуваат Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници.

Според Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, препораките од година во година се исти.

-Тоа значи дека нашата држава и понатаму не вложува во она што значи одржување на овие институции. Единствено нешто во кое се движиме напред е што ни се дозволува да влегуваме, колегите од Управата за извршување се колегијални, ни ги даваат информациите што ни се потребни, рече таа.

Пировска смета дека одговорноста за големиот број на осуденици е кај правосудните органи, кои, според неа, не размислуваат за опцијата алтернативни мерки.

Според Александра Цветановска од МЗМП, суштината на проблемот лежи во финансиите, односно колку финансиски средства се издвојуваат за овие установи.

Извештаите кои се изработени во рамките на проектот даваат осврт на состојбата на пенетецијарниот систем, како и на состојбите и условите во психијатриските болници и Специјалниот завод – Демир Капија.

Би можело да ве интересира

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Преку алтернативни мерки до растеретување на затворскиот систем

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела

Лога: Да го следиме примерот на БиХ, да имаме затвори кои ги задоволуваат европските стандарди

Андов контра Зибери: Во затворот има вода за пиење, достапна за сите

Кристијан Ландов

Затвореници во „Идризово“ спијат на под со бубашваби, но и по 16 лица на осум кревети

Кристијан Ландов