Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела

Од:

Текстот на законот кој беше усвоен на минатата владина седница беше усогласен и даден на мислење, по што Владата даде зелено светло на денешната седница и ќе биде доставен во Собранието, соопштуваат од Министерството за правда.

-Со овој закон се уредува ослободување на казна затвор на лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале или не започнале со издржување на казна затвор во КПУ во Република Северна Македонија, како и лица осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривични закони на друга држава доколку сторителот е државјанин на Република Северна Македонија и казната ја издржува во РСМ врз основа на извршување на кривична пресуда на странски или меѓународен суд и истата е признаена со пресуда на надлежен суд во РСМ, согласно меѓународен договор ратификуван согласно Уставот на Република Северна Македонија.

Целта е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.

Со законот се предлага ,лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ,, Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 , ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон,за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство.

Амнестијата не се однесува за кривични дела ,,Разбојништво” од член 237 став 5 и ,,Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ,, Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, ,,Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, ,, Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, ,,Примање поткуп” од член 357,, ,, Давање поткуп” од член 358, ,,Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за ,,Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик.

Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година.

Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон, соопштуваат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Русија ќе затвара затвори Краснојарск откако осудениците заминаа на фронтот

Горан Наумовски

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски