Животните во Зоолошката градина во Каракас угинуваат од глад

Од:

Околу 50 животни во Зоолошката градина во Каракас, најголемата во Венецуела, последниве шест месеци угинале од глад , поради постојан недостиг од храна, јавуваат јужноамериканските медиуми.

Вработени во градината откриваат дека некои од животните биле оставени без храна цели две недели, пред да угинат.

На лавовите и на тигрите како храна им било давано овошје, најчесто манго.

Вработените во Зоолошката градина во Каракас тврдат дека ситуацијата во другите градини во внатрешноста на земјата била уште полоша. Чуварите на тие градини ги молеле локалните продавачи на овошје и месарите да дадат малку храна за животните за да не страдаат изгладнети.

Властите признаваат дека животните угинуваат, но тврдат дека причината не е во недостигот на храна.

Венецуелската опозиција тврди дека ситуацијата во домашните зоолошки градини претставува „метафора за она што се случува во државата“.

Оваа јужноамериканска земја богата со нафта, подолго време се соочува со тешка економска криза, со испразнета државна каса и со неможноста да им обезбеди на граѓаните редовно снабдување со прехранбени и други производи.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он