Жена падна од карпа во национален парк: Спасен партнерот, немаше помош за неа

Од:

Слободното качување предизвикува зависност, но може да биде многу опасно. Другата страна на таа спортска активност се покажа во крајно трагичниот исход минатиот викенд во американскиот национален парк Роки Маунтин кога една жена загина.

Дваесет и шестгодишна жена од Болдер, Колорадо, почина откако падна од висина од околу 150 метри.

Чуварите на паркот биле повикани од нејзиниот 27-годишен придружник кој пријавил пад од карпата Блицен на планината Ипсилон, соопшти Службата за национални паркови.

Слободното качување или качување по карпи е ризичен алпинистички метод во кој алпинистите се качуваат без јажиња, помош или безбедносна опрема, што значи дека се незаштитени во случај на пад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасен гловонем човек залутан на Плачковица

Катерина Ѓуровски

Спасен поврeден планинар на Шар Планина

Горан Наумовски

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Планинар починал на Пелистер

Планинар пронајден мртов, кучето два месеци лежело до него

ВИДЕО: Спасен повреден планинар на Осоговските планини