Планинар пронајден мртов, кучето два месеци лежело до него

Од:

Рич Мур, 71-годишен планинар по кој се трагаше од август, беше пронајден мртов во планините во Колорадо, а до неговото безживотно тело беше неговото верно куче, кое за чудо преживеа два месеци во дивината.

Рич Мур и неговиот бел Џек Расел териер, по име Фини, отидоа на планинарење на 19 август до врвот Blackhead, кој се наоѓа во планините Сан Хуан во југозападниот дел на Колорадо. Телото на исчезнатиот го откри локален ловџија на 30 октомври.

Неговото лојално куче, кое за чудо преживеало, било пренесено во локалната ветеринарна станица, а подоцна повторно било вратено во семејството. Причината за смртта на Рич не е објавена, но властите рекоа дека не постои сомневање за убиство, објави Дензер Газет.

Делинда Ван-Брајтин, членка на групата вклучена во потрагата по Рич, го опишала своето искуство обидувајќи се да го лоцира.

„Баравме веднаш под врвот и директно на запад, барајќи надолу по планината до местото каде што беше неговиот автомобил“, напиша Ван-Бријтин, додавајќи: „Беше толку стрмно, што бевме донесени со хеликоптер. Тој беше пронајден на 4 километри источно на планинскиот врв долу кога нѐ спуштија со хеликоптер“.

Би можело да ве интересира

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Спасен поврeден планинар на Шар Планина

Горан Наумовски

Жител од селото Зајас организирал борби со кучиња

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов