Жена-ловџија го згрози светот, се сликаше за Инстаграм со срце од уловена жирафа

Од:

Една жена-ловец на трофеи предизвика реакции на згрозување ширум светот, откако се сликаше со срце од жирафа кое го извадила од застрелано животно, а потоа и се пофалила на социјалните мрежи.

Јужноафриканката Мерелиза ван дер Мерве напишала дека е „среќна како мало дете“ и дека конечно ѝ се остварил сонот што го имала уште откога почнала да лови, во својата петта година – да убие мажјак од жирафа.

Како што објаснила, срцето било подарок за Денот на вљубените од нејзиниот сопруг, кој платил за можноста Мерелиза да ја застрела жирафата, која наводно била стара 17 години и „ѝ останувале само три месеци од животот“.

Ван дер Мерве вели дека цел живот барала можност да застрела жирафа, но никако не можела да најде мажјак, а во еден период и се откажала од потрагата.

Според психолозите, кај луѓето што се фиксираат на убивање конкретно живо суштество поради трофејот од самиот факт што се убива, постои извесна психопатолошка состојба, која може да биде поврзана со нарцисоидност, но и со комплекс на пониска вредност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

ВИДЕО: Земјотрес во близина на Јоханесбург, снимки од моментот на потресот

Ана Ололовска

Путин ќе биде уапсен ако ја посети Јужна Африка, предупредува лидерот на опозицијата

Катерина Ѓуровски

„Фејсбук силувачот“ кој ја лажираше сопствената смрт фатен во Танзанија