Зголемен бројот на чешки полицајци на границата со Австрија

Од:

Чешкото Министерство за надворешни работи го зголеми бројот на припадниците на полицијата во близина на границата со Австрија засега за 200, јави дописникот на МИА од Прага.

Како што соопшти портпаролката Катерина Рендлова, засилена е контролата на три железнички и 11 места на автопатиштата, но локациите не се соопштуваат.

Мерките се преземени заради очекувањата преку Чешка да се обидат да поминат повеќе бегалци кои одат од Австрија до Германија, откако Германија најави обновување на контролите на германско-австриската граница.

Се очекува бројот на полицајците да се менува во зависност од движењето на бранот на мигранти.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Србин е уапсен во Австрија за силување жена