Згаснува РТ Америка по низа финансиски удари

Од:

Згаснува РТ Америка, соопшти Т&Р Продакшн, продукциската компанија што стои зад руската државна мрежа.

Генералниот директор на Т&Р Продакшн, Миша Солодовников на вработените им напишал дека компанијата ќе „престане да работи“ на сите локации, „поради непредвидените настани“.

„За жал, претпоставуваме дека станува збор за траен прекин на работниот однос“, додал Солодовников.

Т&Р Продакшн имаше канцеларии во Њујорк, Мајами, Лос Анџелес, Вашингтон. Затворањето на Т&Р Продакшн значи крај и на американската филијала на РТ, јави Си-Ен-Ен.

Давателот на сателитски услуги ДирекТВ, еден од двата што ја пренесуваа РТ Америка, ја прекина соработката на почетокот на неделата. Тоа за мрежата беше голем финансиски удар.

Компанијата Року, што продава хардвер за корисниците да можат да ги пратат содржините преку интернет, исто така соопшти дека ја отстранила РТ Америка од својата платформа.

Изминативе денови, Раша тудеј, што управува со повеќе мрежи ширум светот, значајно го намали својот опсег на емитување. Ова се должи на тоа што технолошки компании и телевизиски мрежи во светот, ја прекинаа соработката со неа, поради инвазијата врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува