Најмалку пет лица се повредени во земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтеровата скала, во јужниот дел на Алжир.
Луѓето се повредиле кога во паника се обиделе да ги напуштат зградите кои се треселе.
Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југоисточно од главниот град на Алжир, и бил на длабочина од околу 10 километри.
Засега нема податоци за направена материјална штета.
Во земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала во 2003 годна во Алжир загинаа 2000 лица.