Земјите на Вишеградската група ќе формираат заедничка борбена група до 2016 година

Од:

Премиерите на Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, земји здружени во Вишеградската група (В4) заедно со претставници на Франција и Германија се договориле за продлабочување на воената соработка и до 2016 година планираат да формираат воена формација.

Според чешкиот заменик-министер за одбрана Властимил Пицек, Чешка е подготвена во т.н „бетл груп“ да распореди до 800 војници и три транспортни хеликоптери, јави дописникот на МИА од Прага.

Заедничката борбена група би имала вкупно 3.000 лица и тоа според планираното 1.300 -1.600 полски војници, 400 од Словачка и околу 350 војници од Унгарија. Полска ќе го обезбеди главниот дел од борбените сили, Чешка нуди медицинска и логистичка поддршка, додека Унгарија и Словачка ќе учествуваат со професионалци за борба против оружјето за масовно уништување.

Чешкиот премиер Петр Нечас потсети дека европските земји почитувајќи ја буџетската дисциплина ги намалуваат трошоците за одбраната споредено со со периодот пред една деценија.

– Тоа значи поголема соработка, споделување на одбранбените способности и поголема координација на нашите одбранбени напори. Нашата цел е да се избегне паралелното создавањето на пример на командните способности како меѓу Европската унија и НАТО”, рече Нечас.

Чешките медиуми ја пренесоа и изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел, која заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд учествуваше на средбата во Варшава.

– Разбирливо е, дека денес една земја не може да се справи со ситуацијата и одговорноста за одбраната на Европа треба да ја преземеме сите заедно, изјавила Меркел, додавајќи дека за проблематиката на одбраната се дискутирало на барање на земјите од В4.

Според Оланд, за продлабочување на европската одбрана е потребно да се развие конкретна стратешка визија, која како што најави ќе биде подготвена за декемврискиот самит на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски