Земјите на В4 ќе ја интензивираат соработката со Швајцарија

Од:

Земјите на Вишеградската група (В4) – Полска, Словачка,Унгарија и Чешка, сакаат да привлечат повеќе инвестиции од Швајцарија.

Ова во Братислава, на средба со швајцарскиот претседател Дидие Буркхалтер го договориле премиерите на В4, јави дописникот на МИА од Прага.

Според чешкиот премиер Бохуслав Соботка, државите на Вишеградската четворка имаат интерес за јакнење на меѓусебните трговски односи и соработка во областа на истражувањето и развојот.

Во врска со кризата во Украина, премиерите заклучиле дека е неопходно да се инсистира на почитување на меѓународното право, а според полската премиерка Ева Копачова, ЕУ треба да биде подготвена да ги заостри антируските санкции.

– Украинската криза покажа дека е неопходно да се инсистира на почитување на меѓународното право. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) може да игра позитивна улога во спроведувањето на мировните договори од Минск и Чешка е подготвена да ги поддржи нејзините активности во Украина, рече Соботка.

Токму Швајцарија, од 1 јануари ја презема функцијата претседавач на ОБСЕ и според Бурхалтер, безбедноста на Европа мора да биде заеднички проект.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски