Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Од:

Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 заложници во воз меѓу Булм и Ивердон-ле-Бен во кантонот Вауд речиси четири часа додека полицијата не упаднала во возот и го убила.

– Сите заложници беа ослободени неповредени – соопшти полицијата.

Човекот кој ги држеше заложниците е убиен при интервенцијата, соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.

Полицијата не соопштува повеќе детали за инцидентот и можните мотиви на сторителот.

Заложничките ситуации се ретки во Швајцарија, но се случија во банки и фабрика. Во јануари 2022 година, вработени во компанија за производство на часовници биле земени како заложници и принудени да отворат трезор каде чувале благородни метали, наведува британската агенција.

Би можело да ве интересира

САД: Повеќето од заложниците кои ги држи Хамас се мртви

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Мажот од Пенсилванија кој уби три лица е забарикадиран со заложници

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него