Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Од:

За убиство на сопругата Снежана во Луцерн на 18 години затвор е осуден Горан С. од Србија. Во текот на судењето рече дека таа го провоцирала и физички го нападнала пред делото, но тврди дека не се сеќава на самото убиство.

Убиството се случило во 2020 година, откако околу 12 часот соседите слушнале расправија во станот на оваа брачна двојка. Се слушнале врисоци, па настанала тишина… По половина час се слушнале сирени кои сигнализирале дека нешто страшно се случило во нивниот влез.

Горан ја претепал, ја задушил, а потоа ја избодел во нивниот стан во Луцерн. Полицијата во станот пронашла жена со страшни повреди и нејзиниот сопруг, кој веднаш бил уапсен. Тој рече дека сфатил што направил дури по убиството. Тој делумно го признал убиството, но рекол дека не се сеќава како се случило.

Тој кажа и дека за време на престојот во Србија бил претепан од неговата свекрва и дека тоа го пријавил. Кога се вратил во Швајцарија, сопругата го нападнала поради тоа и потоа дошло до расправија.

– Таа ме испровоцира, а потоа повика полиција, изјави Горан.

Сепак, и покрај неговите наводи за злоупотреба, во обвинението како причина за убиството се наведува спорот за развод, но и парите.

Во текот на судењето, Србинот признал дека не се согласил на развод кога го побарала неговата сопруга.

Убиената Снежана зад себе остави три деца: две ќерки и еден син. Горан С. и Снежана С. беа во брак 29 години.

Би можело да ве интересира

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син