Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Од:

Србинка (24) успеала да преживее пад од височина од 30 метри откако под неразјаснети околности паднала од мост по сообраќајна несреќа во Швајцарија.

Уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија, кои биле во сино „БМВ“ со девојката од Србија.

Србинката се здобила со тешки повреди и се наоѓа во болница.

Несреќата се случила во четвртокот вечерта, кога „БМВ“ во кое имало три лица од Балканот удрило во заштитната ограда на мост.

Очевидец за швајцарските медиуми изјавил дека по несреќата ја видел Србинка како стои на мостот.

“Ја видов како стои, се чинеше дека не е повредена. Не видов крв, немаше ништо”, рекол тој.

Очевидецот потоа додал дека кога поминал покрај автомобилот не видел дека во него има двајца државјани на Македонија.

„Мислев дека е млада жена која го уништи автомобилот на нејзиниот татко. Таа ги имаше рацете зад главата, беше шокирана, не видов дека е повредена“, рече тој.

После тоа полицијата соопшти дека Србинката паднала од мостот од висина од 30 метри.

Она што останува мистерија во целата приказна е каква е врската меѓу двајцата уапсени државјани на Македонија и падот на младата Србинка.

Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе заврши истрагата.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Пензионер од Србија во Швајцарија ја уби сопругата на неговиот внук