Земан: Победникот на евроизборите ќе номинира еврокомесар

Од:

Политичката партија која во Чешка ќе победи на изборите за Европскиот парламент, според претседателот Милош Земан ќе има „легитимно право“ да номинира еврокомесар, јави дописникот на МИА од Прага.

Кандидати за иден европски комесар веќе имаат двата коалициони партнери во Владата, Социјалдемократската партија, ЧССД и движењето АНО.

Првите го предлагаат поранешниот министер за финансии Павел Мертлик, вторите Павел Теличка, кој на оваа функција веќе беше во 2004 година, по влезот на Чешка во Унијата.

Чешкиот претседател смета дека победа на евроизборите е силен аргумент за номинација на еврокомесар, што всушност одговара на прашањето дали за него е добар кандидатот на АНО, за кого имаше забелешки премиерот Бохуслав Соботка (ЧССД).

Чесите за европратеници гласаа на 23 и 24 мај, а резултатите ќе се знаат вечерва околу полноќ, откако заврши гласањето во Италија.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски