Зеленски потпиша закон за забрана на Украинската православна црква поврзана со Москва

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша закон со кој се забранува православната црква поврзана со Москва на територијата на Украина.

Текстот на законот е објавен на веб-страната на украинскиот парламент.

Законот беше потпишан на Денот на независноста на Украина, кога таа земја се отцепи од Советскиот Сојуз, кој се слави на 24 август, како и две и пол години од почетокот на руската инвазија.

Врховната Рада, парламентот на Украина, претходно усвои закон за забрана на верски организации поврзани со Руската православна црква.

Според тој закон, активностите на Украинската православна црква, која е лојална на Московската патријаршија, може да бидат прекинати.

Како што изјави претходно претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук, со тој закон Руската православна црква ќе биде забранета во Украина.

Би можело да ве интересира

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија