Зеленски: Не може да решаваат Путин и Трамп за Украина, на Европа и требаат воени сили

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нема да прифати никаков мировен план без учество на Киев, во очигледна порака до американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да преговара за условите за завршување на војната во Украина директно со рускиот лидер Владимир Путин.

Говорејќи на конференцијата за безбедност во Минхен, тој ја повика Европа да формира своја армија за безбедноста на стариот континент да не зависи од САД.

Тој оцени дека Путин лаже, дека е слаб и предвидлив и дека сојузниците треба да го искористат тоа и да направат се што е можно за да се стави крај на војната во 2025 година.

„Украина нема да прифати договори направени зад наш грб и без наше учество. Истото правило важи за цела Европа“, рече Зеленски на годишниот собир на глобалните политички и воени лидери. „Нема одлука за Украина без Украина, нема одлука за Европа без Европа.

Тој додаде дека деталите од мировниот план се уште се разработуваат и дека би било „опасно“ доколку Трамп се сретне со Путин пред да се сретне со него.

„Путин сака разговори еден на еден со Америка. Тоа не ни треба. Ни треба вистински успех, потребен ни е вистински мир“, рече Зеленски.

„Војната не може да ја решаваат Путин и Трамп, Путин и јас, ние мора да ги здружиме силите за да создадеме мир“, додаде украинскиот лидер, инсистирајќи на тоа дека САД, Украина и Европа треба да смислат заедничка стратегија пред најавената средба на Трамп со Путин, најверојатно во Саудиска Арабија.

Според него, републиканскиот претседател во телефонски разговор претходно оваа недела му рекол дека ја сака Европа на маса, но дека „не е важно семејството во кое си роден, туку она што го создаваш“.

„Потпретседателот Венс беше јасен, децениските односи меѓу САД и Европа се завршени и Европа мора да се прилагоди на ова“, рече Зеленски. „Ние во Европа мора да бидеме подготвени. Европа мора да одлучи за својата иднина. На Европа и требаат свои воени сили“, нагласи тој.

Тој ги повика европските лидери да зборуваат со еден глас и да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа доколку сакаат да останат американски сојузници. „Ако не Брисел, тогаш Москва. Одлуката зависи од вас“, им порача тој на сојузниците.

Зеленски рече дека конференцијата во Минхен симболично ја започнува „новата година“ и дека е дојдено време за клучни одлуки.

„Ќе подготвиме безбедносни гаранции како што ќе ги видиме, ќе им ги претставиме на САД во наредните месеци и потоа ќе ги ставиме на маса пред Путин. Сакаме мир да владее во 2025 година, работиме на тоа и веруваме во тоа“, нагласи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

ВИДЕО: Жесток руски напад на Запорожје, тројцата мртви

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Трамп не се откажува: Сака да копа во Русија и Украина

Закана до Трамп: Да се ​​откажете

Трамп сака да ги промени условите на договорот за минерали со Украина